Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина


Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека потезите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во областа на економијата и стратегијата кон Иран ќе донесат придобивки во иднина, пренесе денеска Си-Би-Ес Њуз.

Во текот на емисијата „Јавен собир со потпретседателот Џеј Ди Венс“, која се емитуваше синоќа, Венс одговараше на прашања за контроверзните тактики во врска со имиграцијата, на администрацијата на Трамп, широкото незадоволство поради трошоците за живот, како и за сопствената политичка иднина.

Доколку одлучи да се кандидира за претседател во 2028 година, потпретседателот се смета за еден од главните фаворити на внатрепартиските избори на Републиканската партија, како и за можен наследник на политичкото движење на Доналд Трамп.

Back to top button
Close