Многумина од убиените и повредени во инцидетот во Газа биле застрелани од израелската војска, велат од ЕУ

Голем од Палестинците убиени или повредени во хаосот кој настанал додека се обидувале да стигнат до вреќи брашно од хуманитарен конвој во четвртокот биле погодени од оган што го отворила израелската армија, соопшти денеска дипломатската служба на Европската Унија и повика на меѓународна истрага за случајот, пренесува британски „Гардијан“.

Принтскрин од снимка од воздух која сведочи за за масакрот во југозападниот дел на Газа

Во инцидентот кој се случи во четвртокот рано наутро повеќе од 100 луѓе загинаа, а речиси 800 беа повредени додека се обидувале да дојдат до камионите со хуманитарна помош од Египет во југозападниот дел на градот Газа.

Израелската армија излезе со тврдења дека нивните тенкови испукале предупредувачки истрели, но не го погодиле конвојот, додека пак, според сведочењата на дел од Палестинците, војниците пукале директно во нив.

Министерството за здравство на Газа управувано од Хамас го обвини Израел за масакр. Изјави со остри осуди за нападот стигнаа од повеќе земји, а Франција уште вчера повик на независна меѓународна истрага, за да се расчисти инциднетот.

Во меѓувреме како што пишува „Гардијан“ расте бесот поради очајната состојба во која се наоѓаат стотици илјади лица кои се обидуваат да преживеат во северниот дел на Газа по речиси петмесечни борби меѓу Израел и Хамас.

„Одговорноста за овој инцидент лежи во ограничувањата наметнати од израелската армија и опструкциите на насилните екстремисти во снабдувањето со хуманитарна помош“, соопшти Европската служба за надворешни работи“,соопшти Еврпската служба за надворешни работи, пренесе агецијата Асошиејтед прес.

Речиси едно од шест деца на возраст под две години во северниот дел на Газа страда од акутна неухранетост што е најлошото ниво на детска неухранетост во светот, изјави неделава Карл Скау, заменик извршен директор на Светската програма за храна.

„Ако ништо не се промени, глад е неизбежен во северниот дел на Газа“,рече тој.

Соединетите Американски Држави денеска ја извршија првата операција на доставување на хуманитарна помош во Газа од воздух.

Хуманитарната помош била исфрлена од три авиони Ц-130, изјавиле двајца американски функционери за Ројтерс.

Ова доаѓа откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека САД ќе почнат со авионска испорака на храна и итни резерви во Газа во следните неколку дена, по инцидентот од четвртокот и предупредувањата на агенциите на Обединетите нации од глад во енклавата.

Back to top button
Close