Момче од Ниш го спасил семејниот бизнис со дизајнирање на автомат за цвеќе

Со цел да му помогне на семејниот бизнис да преживее во пандемијата, Милан Петровиќ од Ниш дизајнирал уникатен автомат за цвеќе во Ниш. Пандемијата го принудила да се прилагоди на ситуацијата и сега љубителите на цвеќе можат да добијат букет без контакт со продавач во кое било време од денот и ноќта.

Милан е 26 годишник, кој што со дипломата по електронски инженеринг и со љубовта кон цвеќето, го модернизирал семејниот бизнис. Тие отвориле цвеќара пред неколку години, но годината на пандемијата придонела кон тоа да не можат да работат редовно.

Така, вели тој, дошол до идеја да отвори автомат за цвеќе, што им е достапен на клиентите 24 часа на ден, а парите наместо да одат во рацете на продавачот, одат во автомат.

– Вакво нешто постои во светот, но ние сме единствени на југот на Србија. Сличен уред се наоѓа во Лозница, но тој е дел од објектот. Слични машини  прават Британците и Италијанците, но за нашиот пазар ова е нов концепт за продажба – вели Милан Петровиќ.

Откако ќе ги вметнете парите во автоматот, клиентот може да избере еден од 17 аранжмани. Со цел да се зачува свежината на цвеќето, тие исто така направиле посебен фрижидер во рамките на автоматот.

– Најголемиот проблем беше да се направи систем за ладење што нема да ги оштети цветовите. Една компанија од Ниш направи специјален уред кој работи на температура помеѓу 5 и 9 степени и ја чува свежината. Ние ја полниме вендинг машината еднаш дневно, за да можат клиентите да имаат најдобар можен избор – вели Петровиќ.

Тој вели дека коментарите се позитивни и дека е среќен што успеал да придонесе за зачувување на семејниот бизнис, а со новиот автомат, бизнисот повеќе нема да зависи од епидемиолошката состојба. Тој исто така е задоволен што сега се секогаш тука за клиенти, кои повеќе не мораат да гледаат на часовникот и да брзаат кон цвеќарницата за да изненадат некого.

Back to top button
Close