Морачанин за ТВ21: Ќе гласам за избор на новиот владин состав, но мора да работат посветено и одговорно
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во изјава за ТВ21 посочи дека ќе гласа за избор на новиот владин состав на чело со мандатарот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
„Ќе гласам за избор на новиот владин состав, но новата Влада мора да работи посветено и одговорно, и да обезбеди реализирање на програмските приоритети на ДОМ“, вели Морачанин за ТВ21.
Инаку, викендов во Собранието треба да се изгласа новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски.