МВР: Кастриот Реџепи своеволно дојде во полициска станица

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пратеникот Кастриот Реџепи своеволно пристигнал во полиција.

„Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, велат од МВР.

 

Back to top button
Close