МВР: Немаме поврзаност со бегството на Наим Салиу, притвор одредува судот

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Оттаму повикаа ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги.

Министерството за внатрешни работи реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое, опозициската партија бара одговори од министерот Оливер Спасовски и неговиот ресор за тоа како се дозволило да избега синот на командантот Баци, Наим Самиу, од тетовско Шемшово, осуден за 3 кривични дела и акт за куќен притвор.

„ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. И денеска, преку соопштение пласираат лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот. Наместо да шират лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, прашањата да ги упатат до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот“ реагираат од ресорот на Спасовски.

Оттаму велат дека СВР Тетово на 16 август поднела кривична пријава против Салиу, по што му бил определен активен притвор, а на 29 септември од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ денеска праша дали некој од МВР му дојавил на Салиу дека ќе го спроведат во притвор, па избегал.

Според верзијата на опозициската партија, Салиу се наоѓал во куќен притвор поради дрога кокаин, а имал и мерка поради семејно насилство, кога на 13. месецов, повторно е пријавен за семејно насилство.

На 15. декември полицијата го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16., полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор.

„Тука се поставува прашањето, дали некој му јавил на Самиу, од внатре во МВР, каде општо е познато дека, неговиот татко командант Баци, е близок со кадрите на СДС, во оваа институција?“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Оттаму повикаа ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги.

Back to top button
Close