Најчесто користени пин-кодови кои се цел на хакерите

Многу корисници на мобилни телефони избираат едноставен пин за својот уред. Најновите анализи на случаи со масовно протекување на податоци покажуваат дека лесната комбинација на бројки значително им ја олеснува работата на кибер-криминалците при обидите за хакерски напад.

– Промената на пин-кодот е едноставен, но исклучително важен чекор за подобра заштита на личните податоци и банкарските сметки, предупредуваат експертите.

Анализите на големи бази на податоци покажуваат дека релативно мал број популарни комбинации сочинуваат значителен дел од сите пин-кодови. Главната причина е поради лесната запаметливост. Хакерите користат автоматизирани алатки кои служат за тестирање на најчесто употребуваните пин-комбинации. Според достапните информации, најчесто користени се: 1234, 0000, 1111 и 1212.

Уште едни од најчесто користените пинови е комбинација од личните податоци. Според експертите, и покрај брзата запаметливост, овие кодови претставуваат дополнителен безбедносен ризик, особено доколку некој веќе располага со основни информации за сопственикот на уредот или банкарската картичка.

Тие препорачуваат избегнување последователни броеви, повторливи цифри и лесно препознатливи комбинации, како и да се користат различни пин-кодови за различни уреди и услуги. Според нив, безбедниот код треба да биде доволно тежок за погодување.

– Користењето уникатни комбинации, повремената промена и избегнувањето ист пин за повеќе услуги може да ве заштити од хакерски напади, советуваат експертите.

Back to top button
Close