ВИДЕО: На колку години, за колку пари и бил ли директор на ЕЛЕМ кога ја направи првата негова хидроцентрала го праша Јакимовски – Мицкоски

 

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски предпладнето на прес пред портите на „белата палата“ партиско седиште на ВМРО ДПМНЕ му се обрати на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој рече дека единственото прашање кое го посочува деновиве тој и неговите сопартијци  е како на господинот Али Ахмети внукот на 25 години стекнал толку големо богатство како што е дел од сопственоста во трговскиот центар Соравија.

Прашањето е сосема легитимно,тоа младо момче да објасни како стекнал милионски имот но имам и јас прашање за господинот Мицковски, едно е и директно е и челам одговор,рече градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ.

-Мицкоски да каже на колку години ја направил својата првата хидроцентрала и се стекнал со милионски имот и дали ја стекнал пред или за време на неговото директорување со ЕЛЕМ – изјави Јакимовски.

„Јакимовски забележува дека тој како директор на ЕЛЕМ требало да гради хидроцентрали кои ќе бидат во државна соспственост а не во негова лична сопственост како што направил Мицковски кој денеска заедно со сопартијците постојано обвинуваат луѓе од спротивните политички табори за криминал и дека биле урбана мафија.

Легитимно е на овој народ Мицковски да му каже дали бил директор на ЕЛЕМ кога за себе а не за државата си ја изградил првата хидроцентрала и на колку години и со колку пари ја стекнал таа милионска иинвестиција,изјави Јакимовски додавајќи дека народот требе да знае не само за актуелниот Дрим Ахмети туку и за тој кој претендира да ја води државата сега опозицискиот лидер Мицковски.

 

 

 

 

Back to top button
Close