На Петровска ѝ се допаднал гестот на британските домаќини: „Јовано, Јованке“ ми е омилена песна

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во вечерашното гостување на ТВ21 ја коментираше нејзината посета на Обединетото Кралство, каде беше пречекана со поздрав на македонски јазик и изведба на народната песна „Јовано, Јованке“ од страна на британскиот воен оркестар.

Министерката вели дека ова е нејзина омилена песна, а настанот го оцени како добар гест на домаќините.

„Не знаев дека на толку добар начин и со ваков пријатен гест ќе бидам изненадена“, вели Петровска.

Инаку, Петровска подоцна рече дека неколку дена претходно му соопштила на британскиот колега за омилената песна, а потоа тој се погрижил оркестарот да ја научи и изведе.

Back to top button
Close