На поштата во северно Косово фрлени две рачни бомби, една експлодираше

Според информациите на Косовската полиција, една граната детонирала, но за среќа нема повредени лица. Експлозијата се случила 20 минути по полноќ.

„По пристигнувањето на полицијата, забележано е дека во зградата се наоѓала и втора неексплодирана граната. Локацијата е обезбедена, а жителите привремено се евакуирани. Специјализираната единица за ракување со експлозивни направи успешно ја уништила гранатата“, стои во соопштението на Косовската полиција.

Полицијата го третира инцидентот како „предизвикување општа опасност“, а антитерористичката единица активно работи на откривање на напаѓачите. Државниот обвинител наложил истрагата да се води по овој основ.

Косовската полиција ја осуди оваа опасна акција и апелираше до граѓаните да соработуваат со властите за идентификување на сторителите.

Овој напад следува по сличен инцидент во ноември минатата година, кога беше нападнат каналот Ибар-Лепенец, кој снабдува неколку водоводи и термоелектрани на Косово

Back to top button
Close