„На сите ни е полесно. Добро ги поднесува лековите “: Семеен пријател откри детали за здравствената состојба на принцезата Кетрин

Поминаа повеќе од два месеци откако британската принцеза Кетрин објави дека ѝ е дијагностициран рак, се лекува и прима хемотерапија.

Од Божиќ никој не ја видел принцезата во јавност, но во последно време таа, наводно, почесто излегува со семејството. Сепак, од палатата велат дека тоа не значи дека таа брзо ќе се врати на обврските и дека ѝ треба повеќе простор и време за да се опорави.

За нејзината состојба и деталите за дијагнозата се знае многу малку, но семеен пријател изјави за „Венити фер“ дека принцезата се чувствува подобро.

„На сите ни е полесно. Таа добро ги поднесува лековите и состојбата ѝ е многу подобра“, рече тој и додаде дека овој период е вистински предизвик за целото кралско семејство.

Да потсетиме, принцезата Кетрин во јануари заврши во болница каде беше оперирана на абдоменот. Два месеци подоцна, таа на социјалните мрежи откри дека боледува од рак. Таа не ги откри деталите за нејзината болест, а јавноста побара приватност за време на нејзиното закрепнување.

Во меѓувреме, во Бакингемската палата пристигнуваат десетици илјади писма и подароци како знак на поддршка на принцезата во тешките времиња низ кои минува

Back to top button
Close