Напаѓач уби тинејџерка и повреди девет лица во дом за деца без родители во Полска

Полската полиција го уапси напаѓачот кој рано утринава упадна во дом за сираци во градот Лоѓ во Полска, каде со нож уби тинејџерка и повреди девет лица, соопшти полицијата.

Портпаролката на полицијата, Анета Собјераѓ изјави дека полицијата многу брзо реагирала и го уапсила напаѓачот и дека е покрената истрага.

„За жал, во нападот загина шеснаесетгодишно девојче. Во болница се одведени пет лица“, изјави Собјераѓ.

Таа додаде дека на местото на нападот им била укажана помош на четворица од повредените.

Back to top button
Close