Наполи најде замена за Кварацхелија

Наполи работи на доведување на играч кој треба да ја пополни празнината по продажбата на Хвича Кварацхелија во Пари Сен Жермен.

„Небесносините“ за цел го имаат Ален Сен Максимин. Французинот е во сопственост на Ал-Ахли, но игра како позајмен во Фенербахче. Првично, Наполи се фокусираше на Алехандро Гарначо и Карим Адејеми, но брзо стана јасно дека ниту еден од нив нема да се пресели на „Диего Армандо Марадона“.

Интересот за Сен Максимин е сериозен, но неизвесно е дали сите формалности околу потенцијалниот трансфер можат да се завршат во потребната временска рамка. Доколку Ал-Ахли навреме ја раскине позајмицата, тој ќе биде позајмен на Наполи до лето за 4 милиони евра. Постои и опција Французинот да стане сопственост на клубот од Серија „А“.

Ал-Ахли сигурно нема потреба од Сен Максимин, особено откако потпиша со ѕвездата на Порто, Вендерсон Галено за 50 милиони евра. Во случај да не се договорат со поранешниот играч на Њукасл, Наполи ќе упати понуда до Ница за Џереми Богу

Back to top button
Close