Народниот правобранител алармира: За брз кредит од 9.000 денари биле наплатени 75.752 денари?!

Задоцнетото враќање на брз кредит една наша сограѓанка ја чинело 8 пати повеќе отколку самиот износ на кредит. Ова е еден од примерите со кои недоволно презцизираната законска регулатива ги втурнува граѓаните во огромни долгови и често во должничко ропство, истакна народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Извештајот за 2022 година, пренесе Слободен печат.

Зибери објасни дека станува збор за брз кредит, за кој навистина како во рекламите не се наплатува камата. Како што можевме да видиме пред новогодишните празници имаше вакви реклами „Сега имате можност за земете кредит до 9.000 денари со нула камата“. Но, за задоцнето плаќање „закачката“ била во „надоместок за доцнење“, категорија која не е прецизирана ниту во закон, ниту пак, за тоа се информираат граѓаните кои ќе посегнат по ваков кредит.

повеќе

Back to top button
Close