Неколку стотици граѓани маршираа и побараа правда за случаите на полициска бруталност врз Ромите

Неколку стотици граѓани денеска маршираа од Кривичниот суд во Скопје до Јавното обвинителство за да побараат правда за случаите на полициска бруталност врз Ромите.

„Сакаме правда“, „Не сте сами“, „Закон за бруталност“ и „Правда за Невзад“ беа само дел од паролите кои се извикуваа и беа напишани на транспарентите на протестот.

Протестот е организиран од невладината организација „Аваја“, а е поврзан со случајот од минатиот септември кога петмина Роми во Битола беа претепани од страна на полициски службеници. Од настанот имаше и видеоснимка и јавноста можеше да види што се случуваше на социјалните мрежи.

На почетокот на месецов Кривичниот суд донесе пресуда од една година затвор против еден полициски службеник за малтретирање на Невзат Јашаровски при вршење на служба .

Присутните на маршот ја поздравија пресудата, но тие побараа Апелацискиот суд да ја потврди пресудата, за таа да стане правосилна.

 

Back to top button
Close