Немаше свои деца, но го даде животот штитејќи ги учениците, вели братот на убиениот чувар

Во масовна престрелка во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград загинаа осум деца, како и чуварот Драган Ф., кој бил прв на мета на Коста К.

Децата се неутешни поради смртта на чуварот.

– Децата рекоа дека секогаш ќе го паметат како добар и пријатен човек- изјавила мајката на ученик од седмо одделение кој го посетува тоа училиште.

-Тој беше извонреден човек, вистински добар дечко, не сакам да биде дека нешто преувеличувам, но навистина е така – изјавил братот на покојниот Драган В. за Телеграф.рс.

Драган бил разведен и немал свои деца.

Немаше деца, разведен беше. Родителите но се живи, во агонија се… Имаме и две сестри, едната е докторка – вели тој и додава дека сите се без зборови од шок и не можат да разберат што се случило.

Back to top button
Close