Неповторливиот Божо Вреќо во ноември доаѓа во Скопје, картите пуштени во продажба

Лирскиот тенор со ангелски глас што преку звук ги отсликува најдлабоките емоции, Божо Вреќо, на 1 ноември од 20 часот во салата на Македонска филхармонија во Скопје, подготвува неповторливо доживување за љубителите на севдалинките. Картите се веќе пуштени во продажба.

Пристап кој е навистина катарзичен, трансверзален и единствен, како што пишуваат светските медиуми – францускиот АРТЕ, американскиот Њујорк Тајмс и шпанскиот Ел Периодико. Споменатите медиуми го нарекуваат „икона на слободата, ангелски глас што ги гали душите и ги отвора срцата“.

Со својот ангелски кастрато глас, Божо Вреќо ги пее најдлабоките емоции со кои секој може да се идентификува. Тој пее за љубовта, копнежот и разделбата, за тагата, меланхолијата и осаменоста. Секој стих на Божо е како исповед и препознавање на љубовта, па оттука и магијата на неговите концерти.

Соработува со исклучителни уметници со светска слава, со кои напиша и нови текстови на севдалинки, кои неговата сẻ поширока и многубројна публика едноставно ги обожава, од Лејлија па се до Саба. Божа Вреќo навистина го краси извонреден опус, бидејќи внесува многу труд и љубов во музиката, но и во истражувањата на балетот и операта, како и во документарните филмови за севдалинката, која ја збогатува со својот авангарден пристап. Се разбира, тој го проучува и мистицизмот на балканската автохтона монофонична и полифона музика.

Неговите концерти се целосен суфиски транс кој пред се целосно ослободената севдалинка го носи во себе. Ги ослободува сите потиснати емоции кај луѓето и на тој начин предизвикува солзи на концертите, како и некои натприродни енергии кои течат од личност до личност и заедно формираат бран на восхит, љубов и катарза.

Дуалитетот со кој зрачи овој извонреден уметник го прави еден од најзначајните толкувачи на модерната карасевда, која жанровски навлегува во сферата на џезот, блузот, духовното и полифонијата.

Моментално работи на филмска музика за ладино песни во Босна и Херцеговина. Една од песните, Малдича, ќе биде дел од документарниот филм за него, за севдалинката и за Сараево наречен „Сараево стерео“, продуциран и режиран од Канаки филмс и продукцијата Медикус Мунди од Мадрид и Барселона.

Карти може да купите на Karti.com.mk.

 

Back to top button
Close