Непознати лица упаднаа во амбасадата на Сирија во Атина

Неколку непознат лица утрово упаднаа во амбасадата на Сирија во Атина, го поставија старото знаме на земјата односно т.н. знамето на сириската опозиција, по што интервенираше полицијата и приведе дел од нив.

Лицата освен што поставиле големо знаме на балконот од објектот, ја скинале и фотографијата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Според грчките медиуми во зградата упаднале три-четири лица. поддржувачи на бунтовниците, по што, двајца од нив си заминале доброволно, а останатите биле приведени по интервенцијата на полицијата.

Паралелно, на официјалната страница на Фејсбук на сириската амбасада во Грција, променети се фотографиите и ставено старото знаме со три ѕвезди, истото она што беше поставено и на објектот.

Back to top button
Close