Нишикори става точка на кариерата
Најдобриот јапонски тенисер во историјата Каи Нишикори (36) објави денеска дека на крајот на оваа сезона ќе ја заврши својата кариера, оптоварена со повреди.
Нишикори беше првиот јапонски тенисер кој дојде до грен слем финале, кога на Отвореното првенство на САД во 2014 година загуби од Хрватот Марин Чилиќ.
Воедно, Нишикори е првиот Јапонец кој се проби меѓу првите 10 тенисери во светот, откако се искачи на четвртото место на АТП ранг-листата во март 2015 година.
Неговиот импресивен рекорд вклучува 12 титули, како и бронзен олимписки медал во Рио во 2016 година.
Сепак, повредите го попречуваа неговиот континуиран успех на највисоко ниво со години. Имаше две операции на десниот лакт (2009 и 2019) и еднаш на колкот (2022).
Кариерата ја почна во 2007 година, а ја освои својата прва АТП титула во 2008 година во Делреј Бич. Последната титула ја освои во Бризбејн во 2019 година.






