Ноќеска Ламбе и соопшти на нацијата “Ојдов на печалба, од љубов не се живее”!?

Ламбе се ожени за македонка од Америка замина преку океанот а со помош на родителите на сопругата започна бизнис.

Тој има два сина родени во Америка. Пред некоја година сепак реши да се врати во Македонија, поточно во Битола во близина на родното Љубојно. Минатата година се прослави со инцидентот кога го запали влезот на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов за што помина неколкучасовен притвор И доби казна.

Палењето на клубот го направи попопуларен мегу македонците и од времето кога беше пеач пред да замине во Америка. Сите очекуваа дека овој потег ќе му помогне во кариерата.

Иако почна да пее, претежно на патриотски концерти, сепак синоќа објави дека од љубов не се живеело и дека заминува на печалба. Се претпоставува дека се враќа најверојатно во Чикаго да продолзи со бизнисот со камионски превоз.

Дополнето

Ламбе го избришал статусот кој го објави ноќеска на неговиот фб профил дека заминува од Македонија како пто ја нарекуа удбашка земја во која нема леб за такви како него и заминува на печалба односно се враќа во Америка. Нејасно е дали се предомислил откако статусот се прошири на социјалните мрежи и го избришал без никакво објаснување што е вистината.

Back to top button
Close