Новиот директор на Мепсо братучед на вицепремиерот Меџити?!
Новиот директор на Мепсо Бурим Латифи е прв братучед на Изет Меџити прв заменик председател на владата и министер за животна средина.
Информацијата дека Меџити е во роднински врски со новопоставениот директор на Мепсо Бурим Љатифи ни ја потврдија извори во владеачката партија Влен.Според истите извори Љатифи наводно не бил единствениот роднина на кој Меџити му обезбедил вработување од кога стана вицепремиер во владата на Мицковски.
Според непотврдени информации новиот директор на агенцијата за вработување Селајдин Бељули наводно му е зет на Меџити .Овие информации не успеавме да ги провериме кај вицепремиерот Изет Меџити до објавувањето на информацијата.