Нож и електрошок најдени кај ученици во две средни училишта во Скопје

МВР информира дека вчера во 18.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник – ученик во средно училиште на подрачје на Кисела Вода, по претходна пријава од помошник директорка на училиштето дека при преглед од обезбедувањето кај него бил пронајден нож.

Ножот бил одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска, пак, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, во присуство на родител и стручен тим од средното училиште во кое учи, извршиле службен разговор со 15-годишен ученик од Скопско затоа што при спроведена акциска контрола во која бил извршен преглед на ученици во повеќе училници, кај него бил пронајден електрошок.

Предметот бил одземен и ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.

Back to top button
Close