Објавен романот „Но и јас“ од Делфин де Виган на македонски

Издавачката куќа „Антолог“ во рамки на проектот „Храбри нови зборови, прекрасни нови светови /Europe is Brave New Wor(l)ds“ ја објави книгата „Но и јас“ од француската писателка Делфин де Виган, преведена на македонски од Ацо Пероски.

Со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, во рамки на овој проект „Антолог“ ќе претстави 10 прозни дела од врвни европски автори, преведени на македонски јазик.

Романот „Но и јас“ е приказна за 13-годишната Лу Бертињак и нејзиното пријателство со Но, бездомничка во Париз. Лу ги убедува своите безволни родители да дозволат нејзината пријателка да остане со нив. Дури, ќе се обиде да најде дом за Но, меѓутоа нејзините желби сè повеќе ќе се судираат со суровата реалност.

Делфин де Виган (1966) е авторка на единаесет романи и на неколку филмски сценарија. Вниманието на јавноста го привлекува со наградуваниот роман „Но и јас“, објавен во 2007 година, според кој во 2010 е снимен и истоимениот филм.  За своите книги писателката  има добиено неколку од најзначајните француски национални награди за книжевност, а делата ѝ се преведени на повеќе од дваесет јазици.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close