Објавена е листата на најсреќните народи – Македонците најнесреќни од регионот

Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според најновиот Светскиот извештај за среќа.

Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од корона вирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.

Според извештајот, по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

 

Мaкедонија на 87 место

Македонија е на 87 место, зад Конго и Јужна Африка.

Од земјите од регинот, Словенија е најсреќна на 22 место, Италија е 33, Хрватска е на 48 место,. Црна Гора е 67 во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е 71-ва.

Од соседните земји, Бугарија е на 77 место, Албанија на 83 место, Косово е 34 место, Србија 45, а Грција 58 на листата.

На дното на скалата се главно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, во истражувањето во кое беа опфатени вкупно 137 земји.

Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето останала „извонредно отпорна“ и покрај пандемијата „Ковид-19“, при што глобалните просеци во периодот од 2020 до 2022 година се исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

Back to top button
Close