Образовна ТВ-серија за учење англиски јазик наменета за средношколци и студенти

– Од денеска до 8 јуни во термините од 12.10 и од 19 часот на МРТ 1 се емитува нова образовна серија „The Word on the Street“ наменета за средношколци и студенти, копродукција на Британски совет и Би-би-си и посветена на предавање и учење англиски јазик.

– Новата ТВ-серија има за цел да ги подобри вештините за говорен англиски јазик кај популацијата од 15 до 25-годишна возраст и да ги запознае младите со британската култура. Серијата е направена во популарен телевизиски формат со интервјуа и мини квизови. Кај нас серијата можат да ја следат и основци. Нивото на јазикот е помеѓу Б1 и Б2 според Европската јазична рамка и одговара на нивото на јазикот што го изучуваат и средношколците и студентите во земјата според нашите наставни програми, објави Министерството за образование и наука.

„The Word on the Street“ ќе се емитува и во други земји од регионot. Проследена е со онлајн ресурси за вежбање и учење: https://learnenglish.britishcouncil.org/general-english/word-street, додека останатите ресурси за предавање и учење на англискиот јазик се достапни на веб-страницата на Британскиот совет: https://www.britishcouncil.mk/en/stay-home

Back to top button
Close