Обвинителство: Истрагата започна, се прибира ДНК материјал за идентификација на жртвите
Јавниот обвинител Љубомир Јовевски и обвинителката Вилма Русковска утрово пристигнаа на местото на несреќата на автопатот „Струма“.
-Со колегите од Северна Македонија го утврдивме редоследот на дејствија што треба да се преземат за расчистување на овој случај. Од македонска страна треба да добиеме документи за техничката состојба на автобусот, за фирмата сопственик и патниците, како клучниот момент е биолошкиот материјал за идентификација на жртвите. Списокот е веќе испратен и колегите во Македонија веќе ја започнаа постапката, соопшти бугарски обвинител.