Обвинителството ги чека вештачењата на веќе земените примероци од Крива Река

Обвинителството врши распити но и ги чека резултатите од нарачаните вештачења и анализи на претходно земените примероци од Крива Река. Предистрагата треба да утврди дали постојат елементи на кривчно дело од областа на загадување на животна средина, велат од обивнителството. Досега ги добиле анализите испатнеи од државниот инспекторат за животна средина а ги чекаат и оние од градоналачникот на Крива Паланка.

Директорката на инсепкторатот Ивана Гиновска вчера негираше дека загадувањето со цијанид е неколку пати над дозволеното како што тврдеше градоначалникот Митовски. На прашањето што покажуваат анализите кои таа ги побарала, кусо одговори дека цијаниди во Крива река има помалку од 2 . Не откри кога се земени примероците и потврди дека на денот кога пукнала цевка во рудникот Тораница инспекторите не зеле мостри.

Екс минситерката за животна средина и потпретседатлека на СДСМ Каја Шукова во вчерашаната Топ тема рече дека испитувањето на градоначалникот покажало присуство на цијанид 14 пати погоелмо од дозволената вредност. Инцидентот во рудникот Тораница бил пријавен на време, сепак не биле земени примероци на време, реагираа и од невладниот сектор

Back to top button
Close