Од Ковид почина осудениот и избеган гинеколог Николче Дамчевски

Во Софија Почина од Ковод избеганиот гинеколог Дамчевски

Во Софија како последица на компликации од Ковид-19 почина избеганиот гинеколог Николче Дамчевски.

Дамчевски беше македонскиот гинекологот осуден на две години затвор за измама на пациентка дека била бремена. Лекарската комора му ја одзема лиценцата на седум години.

Од МВР за либертас тогаш едноставно изјавија дека “извршени се оперативни проверки на наведената адреса во барањето, но лицето не е најдено”.

Откако македонската полиција не успеа да го спречи да избега Дамчевски прегледуваше пациенти во медицинска установа во Софија, бидејќи беше дипломец на бугарски медицински факултет. Од таму му беше прекинат работниот однос откако од македонските медиуми беа информирани за тоа дека против него се води процес и одземена му е лиценцата.

Нашата лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа откако беше правосилно осуден, а судските власти, покрај затворот, му забранија да работа седум години. Гинекологот Дамчевски беше осуден за тешки дела против здравјето на луѓето и за несовесно лекување.

Back to top button
Close