Од „немање вина„ на МВР до разрешување на началници и командири на полицијата во Штип и Кочани.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски разреши командири, началници и помошници началници, откако изгоре дискотеката без лиценца „Пулс“ и во трагедијата загинаа 59 лица
Разрешени се началникот на СВР Штип, помошник началникот на СВР Штип, началникот на одделение за полиција Штип, началникот на одделението за криминалистичка полиција Штип, началникот на одделението за внатрешни работи Кочани, командирот на полициска станица Кочани и началникот на надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани.
Од Министерсвото за внатрешни работи повеќе детали за разрешувањата најавија за подоцна во текот на денот на прес конференција.