Од сабота до крај на месецов: 39-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “
Во сабота, на 22 Јуни, вечерта во 20, оо часот, со посебна свечена програма, во Уметничката галерија, во селото Белчишта, општина Дебрца, ќе биде отворена 39-та, по ред, Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2024 “, на која, учествуваат 11 ликовни уметници.
На Колонија „Дебрца“, најстарата ваква манифестација кај нас, годинава, од Македонија, ќе творат: маестро Јордан Манасиески – Охрид, Лара Ташковска – Скопје, Андреј Антевски – Куманово, како и Славица Танеска и Емел Махмуд, од Охрид,
Странски автори : Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли ( монголскиот конзул), Јованка Беквалац – Србија, Нада Грбиќ – Србија, Мирослав Мича Круниќ – Србија, Славка Ната Радуловиќ – Црна Гора и Драгољуб Пејовиќ – Црна Гора.
Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ располага со најбогат фонд уметнички дела во земјава, над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.
Четиридецениското постоење на Колонијата, е заслуга на визионерски тим од реномирани уметници, поддржувачи на уметноста и страсни креативци.
За жал, втора година, без основачот, ликовниот педагог и познат автор, Ѓорѓија Целески, по потекло од Белчишта.
Веле Митаноски