Одземени пасошите на четворица осомничени за „Лотарија“, за Груби и Бајрами се уште се одлучува дали ќе има притвор

На четворица од осомничените во случајот „Лотарија“ им се одземени пасошите, а додека во текот на денот ќе се одлучи и дали за останатите осомничени кои се во бегство, поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија, Бајрами, ќе биде одреден притвор.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот, информираат од Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека во текот на денот ќе се одлчучи и по барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор на првите двајца осомничени, односно Груби и Бајрами.

-Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од судот.

Back to top button
Close