ОН: 280.000 раселени во борбите во Сирија од 27 ноември

Во борбите меѓу бунтовниците и сириските сили раселени се 280.000 луѓе од 27 ноември и брзото напредување на исламистичките групи во Сирија, објавија денеска Обединетите нации, изразувајќи стравувања дека бројката може да се искачи на 1,5 милиони.

-Бројката што ја имаме е 280.000 луѓе заклучно со 27 ноември. Тоа е ажурирана бројка од синоќа. Не го вклучува бројот на луѓе кои избегаа од Либан за време на неодамнешната ескалација на борбите меѓу Хезболах и Израел, рече денеска директорот на итна координација на Светската програма за бегалци, Самер Абдел Џабер, на прес-конференција во Женева.

Масовното раселување на населението се случува откако бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) започнаа блиц-офанзива пред нешто повеќе од една недела.

Офанзивата беше започната кога беше воспоставено кревко примирје во соседен Либан меѓу Израел и Хезболах, проиранско движење поврзано со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Поради војната во Либан, стотици илјади луѓе избегаа во Сирија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close