ОН: Убиени стотици лица во Авганистан откако талибанците се повторно на власт

Убиени се стотици лица во Авганистан откако талибанците се повторно на власт од пред речиси година дена, иако безбедноста во целина е подобрена оттогаш, соопштија денеска ОН.

Мисијата на ОН за помош на Авганистан во својот извештај ги истакна лошата состојба на жените и девојчињата од талибанското преземање на власта и многуте одземени човекови права.

„Нашиот мониторинг открива дека и покрај подобрената безбедносна состојба од 15 август, народот на Авганистан, особено жените и девојките, е лишен од целосно уживање на своите човекови права“, се наведува во извештајот.

Околу 700 лица се убиени, а 1.400 се повредени од средината на август 2021 година, кога талибанците го зазедоа главниот град на Авганистан, Кабул, додека САД и НАТО беа во последните недели од своето повлекување од земјата.

Мнозинството жртви се поврзани со нападите на огранокот на ИД во земјата, огорчен ривал на талибанците што беше насочен кон етничките и верските малцински заедници.

Back to top button
Close