Османи и Петков ја посетија станицата „Битола 2“ на АД МЕПСО: „Сите земји ќе имаат бенефит од овој проект“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани остварија работна средба со владината делегација од Република Бугарија предводена од Премиерот, Кирил Петков и Министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска кои се во посета на земјава.

Делегациите ја посетија трансформаторската станица Битола 2 на АД МЕПСО, кој енергетски ги поврзува Република Северна Македонија и Република Албанија, и преставува дел од поширокиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување, дел од Коридорот 8.

Back to top button
Close