Откако ја киднапирале Вања, ,,цитроенот” возел по ,,реното кангу” управувано од Палчо, тврди обвинителството

Неколку секунди пред возилото ,,цитроен”, со кое на 27 ноември 2023 година беше киднапирана 14-годишната Вања Ѓорчевска, возело ,,реното кангу”, кое според обвинителатвото го управувал Љупчо Палевски Палчо.

На денешното рочиште обвинителката, презентирајќи снимки, појасни дека откако киднаперите ја грабнуваат Вања од нејзиниот дом, за 15 минути стигнуваат до Визбегово, а од тука им се придружува возилото ,,рено кангу”.

-Од камера на „Метал бург“, плац во Визбегово, во 7:56 се гледа како поминува возилото „рено кангу“ и се движи во правец спрема Горно Оризари. На истото видео, по осум секунди поминува и возилото „циторен“ во кое била Вања, следејќи го првото возило, рече обвинителката.

По еден час и 12 минути, односно во 9:08 минути двете возила се гледаат на камера од пречистетелната станица како поминуваат едно по друго одалечени 11 секунди. Одат кон локацијата каде „циторенто“ беше најден запален. Во 9:21 минута на камерата се гледа само „реното кангу“ како се враќа назад.

,,Цитроенот” не го следи кангугото, истото не се враќа назад односно очигледно е дека истото било запалено“, рече обвинителката, на денешното судско рочиште.

На враќање „кангуто“ се враќа преку Чаир и Битпазар до седиштето на партијата Десна, а обивинителката Јосифовска тврди дека со возилото управува Палевски а до него седи Велибор Манев.

На ова приговараше адвокатот на Палевски кој рече дека во возилото не се гледа дека е Палчо (fokus.mk)

Back to top button
Close