Овошјето и зеленчукот е најдобро да се јадат свежи

– Некои намирници e најдобро да се консумираат сирови, свежи, зашто при обработката и готвењето може да изгубат од својствата корисни за нашето здравје.

– Вареното цвекло губи 25 отсто од своите фолати (вид на  витаминот Б-9), како и многу други витамини и минерали, истакна болничарката од Њујорк, д-р Ребека Парк, која е авторка на книгата „Лекови за мене“ (Remedies for me).

Цвеклото обично содржи калциум, железо, протеини и калиум, како и високо ниво на растителни влакна и фолати. Според списанието „Фронтиерс енд нутришн“ (Frontiers and Nutrition) варениот кељ, исто така ги губи своите својства за заштита од неколку болести.

Црвената пиперка е одличен извор на витамин Ц. Но, топлината го уништува, па затоа стручните лица препорачуваат пиперката да се јаде свежа, ако целта е да се внесе огромна количина витамин Це. Во таа смисла, ајварот ни оддалеку не е така корисен како свежата пиперка.

Боровинките се полни со антиоксиданти наречени флавоноиди и полифенол.

Свежиот кромид има многу здравствени придобивки, но при пржењето се намалуваат фитохемикалиите кои, на пример, спречуваат рак. Покрај тоа, кромидот помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања. Лукот пак, има антибактериско дејство и многу други придобивки, но само една минута во микробранова печка ја уништува неговата способност да се бори против ракот. си/ми/

Back to top button
Close