ОВР Кичево издаде 15 прекршочни платени налози за неносење заштитна маска
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 15 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Додаде дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле девет контроли врз угостителски и други објекти.