Пендаровски од жителите на Желино побара поддршка во вториот круг, за, како што рече, државата да продолжи по вистинскиот пат, по патот на заедништвото, слогата и прогресот кон Европската Унија

Претседателскиот кандидат на СДСМ и актуелен шеф на државата Стево ПеЕндаровски денеска се сретна со жителите на Желино на кои им порача дека на претстојните избори ќе бираат меѓу два коцепта. Едниот концепт, според Пендаровски предвидува држава без меѓуетнички конфликти, а другиот е ризик за поделби и тензии.

Тој истакна во изминатите пет години се трудел да биде коректив на извршната власт и и нагласи дека секој претседател на државата треба така да постапува.

„Пред вас има два концепта кои никако не се приближуваат. Јас и мојата опција сме за ваква Македонија каква што ја имаме со разбирање со меѓусебна почит, без меѓуетнички конфликти, другата опција е ризик за поделби и тензии, опција со која сигурно нема да просперираме“,порача Пендаровски.

Тој изрази уверување дека најголем дел од гласовите кои завршија кај кандидатите кои испаднаа во првиот круг, во вториот круг ќе завршат кај него „затоа што граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес“.

Пендаровски од жителите на Желино побара поддршка во вториот круг, за, како што рече, државата да продолжи по вистинскиот пат, по патот на заедништвото, слогата и прогресот кон Европската Унија.

„Македонија денес е најстабилна на полето на меѓуетничките односи, без конфликти и без поделби. И тоа е една од нашите најголеми придобивки. Почитувајќи и грижејќи се за сите граѓани подеднакво, ќе продолжам да работам и во вториот мандат“,изјави претседателскиот кандидат на СДСМ.

Back to top button
Close