Пендаровски: Почит за нашите пожарникари, ЗМСТАМ е глас на сестринската професија
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска преку својот фејсбук-профил упати честитка до пожарникарите по повод денешнипот Ден на пожарникарството. Тој исто така информира дека остварил средба со претставници од Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки – ЗМСТАМ.
– На 20 мај 1836 година во Битола е формирана првата противпожарна единица во овој дел на Балканот. Почит за нашите пожарникари. Посветено и пожртвувано, спречуваат несреќи и катастрофи. Во интерес на сите нас е постојано да инвестираме во современа опрема, тренинг и обука на нашите пожарникари, напиша Пендаровски.
Тој посочува дека Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри е глас на сестринската професија.
-Бесценет е нивниот придонес во грижата на граѓаните, особени во овие тешки услови наметнати од пандемијата на Ковид-19, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.