Пендаровски: Заев и Мицкоски уште денеска да седнат да се договорат за изборите

Претседателот Стево Пендаровски упати јавен повик до лидерите на најголемите политички партии во власта и опозицијата, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, уште денеска да седнат да постигнат договор за датум за избори и да најдат излез од ситуацијата со тоа што ќе ги стават државните интереси над партиските.

Во спротивно, рече Пендаровски, ја отвораме вратата за продлабочување на кризата.

Знам дека поголемиот број наши граѓани не размислуваат за избори. Но, избори и во време на корона се неопходни за да добиеме функционален парламент и легитимна политичка влада наместо техничка –рече претседателот.

Изминатите денови, рече тој, комуницирал со лидерите на партиите и со меѓународната заедница. Според тоа, како што рече, власта и опозицијата се согласни дека на изборите мора да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР и дека ДИК во соработка со Комисијата за заразни болести треба да изготви безбедносни протоколи за гласање. Но, за жал, тоа не е случај со датумот за избори.

 

Back to top button
Close