Петнаесет возила за јавен превоз исклучени од сообраќај во Скопје, неисправни уреди за сопирање и управување

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на Скопје санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

Од МВР информираат дека се санкционирани 15 возила, од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Посочуваат дека возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци.

Информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден

Back to top button
Close