Петте македонски државјани излегуваат од Газа

По долгата борба за преземање на сите македонски државјани назад во нашата држава, петте државјани кои останаа заглавени во Појасот Газа ќе имаат можност да се евакуираат. Министерството за надворешни работи го поддржа отварањето на преминот Рафах меѓу појасот Газа и Египет.

– Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР.

Back to top button
Close