Писмо на екс-реисот Реџепи: Животот го посветив на ИВЗ, си заминувам со нецивилизирана кампања за мојата личност

Либертас дојде до денешно писмо на разрешениот, сега веќе екс-реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Тој во писмото пишува дека си поднесува неотповиклива оставка, велејќи дека го посветил животот на ИВЗ и дека за време на неговиот мандат направил многу во подигање на образованието на помладите генерации, но дека заминува со, како што вели, нецивилизирана кампања кон неговата личност. Не исклучува можност за евентуална грешка, но, пишува дека за тоа бара прошка од Бога и од верниците.

 

Пред да биде разрешен со двотретинско мнозинство од гласовите, Реџепи беше во фокусот на јавноста поради бракот со 50-тина години помлада невеста.

Back to top button
Close