Пивоваров: Македонија е сега легитимна цел и службите требало да проценат ризик дали премиерот може да споделува дека американски авиони полетуваат кон Иран
Службите требало да направат проценка на ризик дали е добро да се објави информација дека од територија на Македонија полетувале американски воени авиони кои се користат во војната во Заливот, бидејќи има предупредување од Иран до сите земји кои даваат поддршка на САД за војната се легитимна цел, изјави за „Локално“ безбедносниот експерт и поранешен шеф на военото разузнавање, Владимир Пивоваров.
-Доколку ваквите информации се точни се поставуват многу прашања, прво од аспект на сензибилноста на оваа информација, бидејќи оние воени дејствија што се преземаат на Блискиот Исток и гледаме дека е секојдневно Иран ги предупредува сите земји членки на НАТО и сите останати земји кои би дале поддршка на воените операции на сојузниците и на САД во таква ситуација велат дека сме легитимна цел и сме легитимна цел на можни напади, изјави Пивоваров за „Локално“.
Вака тој ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена во интервју за американскиот крајнодесничарски портал „БрајБарт њуз“, во кое вели дека авиони на американското воздухопловство полетуваат и слетуваат од македонските ародроми, и дека тука одмараат пред да се вратат во Заливот.
…






