ПОЧИНА СРПСКИОТ РОКЕР ТОНИ МОНТАНО

Српскиот музичар Велибор Миљковиќ, познат како Тони Монтано почина на 62-годишна возраст, потврди „Нова.рс“.

„Упатената полициска патрола на лице место ја затекнала Снежана Миљковиќ, братучетка на починатиот, која изјавила дека не се јавува на телефон и не ја отворил вратата од станот, па морале да повикаат бравар да им ја отвори, по што тие го пронашле неговото мртво тело на фотелјата. Екипата на итната помош веднаш пристигнала и констатирала смрт. Извршен е увид, а станот е пломбиран. Нема траги на насилна смрт“, се наведува во соопштението за медиумите.Роден како Велибор Миљковиќ во Белград во 1962 година, кариерата ја започна како пејач во панк-рок групата „Радост Европа“, основана во 1979 година. Низ бендот поминаа голем број музичари, меѓу кои и Димет Тодоров, кој подоцна стана член на „Партибрејкери“. Најмногу настапуваа во белградскиот Студентски културен центар, изведувајќи песни од легендарните „Рамонс“, но и свои. Бендот престана да работи во 1985 година, а дел од материјалот беше на деби албумот на Миљковиќ, кој започна соло кариера по распаѓањето на бендот. Добитник е на три награди на фестивалот МЕСАМ.

Back to top button
Close