Подољак: Заменските програми веќе функционираат по прекинот на американската помош

Неопходно е да се проценат можностите Украина да купи или добие оружје од европските партнери, изјави советникот на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Михаило Подолјак, откако американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон да ја прекине целата воена помош за Украина.

„Во однос на испораката на оружје, најпрво треба да се процени кои програми ќе престанат да функционираат, имајќи предвид дека многу програми веќе беа во фаза на комплетирање. Да не заборавиме дека има програми за кои се гласа во Конгресот на САД, а тоа е посебна законска процедура“, изјави Подољак во објава на каналот Телеграм.

 

Подољак нагласи дека „пред сè, неопходно е да се проценат можностите за купување или добивање слично оружје од европските партнери“, извести агенцијата Униан.

 

„Уште повеќе што заменските програми веќе функционираат“, додаде украинскиот функционер.

Тој потсети дека Украина веќе има искуство со долгорочното суспендирање на програмата за воена поддршка на САД и дека знае како да се прилагоди на такви ситуации.

Подољак додаде дека украинските власти „не ја игнорираат можноста за преговори со нашите американски партнери“, пренесе Униан.

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон да ја прекине сета воена помош за Украина, објави Блумберг.

Според извор на агенцијата, одлуката ќе остане на сила се додека новиот американски претседател не одлучи дека Киев „покажува совесна посветеност на мирот“.

Back to top button
Close