Полицајци нападнати и повредени во обид да спречат кражба
Околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода пет лица кои се обиделе да извршат кражба во црква кај место викано Елките во Штип и нападнале полициски службеници, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во писменото сооштение се вели дека по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Според првичните информации повредени се двајца полициски службеници кои се транспортирани во Клиничка болница Штип. Повеќе информации за случајот ќе има во текот на утрешниот ден