Политичките водачи од РС го отфрлија наметнатиот закон, од утре нема да учествуваат во работата на институциите на БиХ
Исто така, отфрлија „секакво наметнување“ на ниво на БиХ, оценувајќи дека нема законски висок претставник, бидејќи, како што посочија, „тој не беше избран во согласност со процедурите“, поради што нема да соработуваат со него.Членот на Претседателството на БиХ и лидер на СНСД, Милорад Додик изјави дека ќе се бараат решенија за кризата предизвикана од високиот претставник, за која парламентот на РС ќе расправа во петок на специјалната седница која ќе биде затворена за јавноста.
Според него, станува збор за законски решенија што ќе бидат одговор на наметнатите одлуки на високиот претставник.
Додик исто така рече дека новиот висок претставник Кристијан Шмит нема легитимитет и дека ниту една од неговите одлуки нема да биде прифатена.
Лидерот на СП, Петар Џокиќ истакна дека политичките претставници на РС „ќе го бранат легитимитетот на Република Српска“, а претседателот на ДНС Ненад Нешиќ рече дека е „среќен што покажале дека Република Српска е над партиските интереси“.