Повеќе од 2000 муслимански верници се собраа на стадионот во Левалоа Пере

 Повеќе од 2.000 муслимани се собраа на молитвата за Фитр Бајрам на стадионот Левалоа-Пере за да го прослават крајот на Рамазан, при што беа почитувани мерките за физичко растојание, јави дописникот на МИА.

За да влезат, маската беше задолжителна, а верниците мораа да ги мијат рацете со хидро алкохолен гел и да одржуваат растојание од еден метар меѓу нив.

Во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, француската влада објави уредба која дозволува повторно одржување на верските обреди во Франција, откако министерството за внатрешни работи и водачите на верските заедници се усогласија „за мерките што треба да се преземат за да се обезбеди здравствена безбедност на сите“ при верските обреди.

Оваа недела во повеќе цркви во Франција беа одржани неделните миси по скоро три месеци прекин на сите верски обреди.

Back to top button
Close