Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Во Русија, 47,6 проценти од мажите и 35,6 проценти од жените се со прекумерна тежина, а од таа бројка, дури 27,6 проценти од жените и 19 проценти од мажите страдаат од дебелина, изјави шефицата на санитарната служба Ана Попова.

Според неа, дебелината е важен фактор во многу хронични состојби, како што се кардиоваскуларни болести, хипертензија и дијабетес.

– Исто така, луѓето со вишок тежина имаат големи шанси ако се разболат, да добијат потешка форма на вирусот Ковид-19, рече Попова.

Таа додаде дека децата со прекумерна тежина растат побрзо и дека 10 проценти од момчињата со прекумерна тежина се сметаат за дебели. 

Back to top button
Close